Кој друг ако не ТФТ!
Екипата дебитант, која за прв пат игра во друштвото на најдобрите, му го зема скалпот на најдобриот тим во овој момент во Првата лига.
На ТФТ му појде рака да биде подобар од екипаата која досега имаше осум триумфи по ред, без ниту еден пораз.
А најавата беше силна, (10-0) по само 150.секунди од играта. Дека ТФТ е подгорвен да го сопре непобедливиот тим од Битола.
И успеаја во тие нивни обиди „црно-белите“ од Тафталиџе. Стигна до голем, до огромен триумф против топ-фаворитот во трката за првото место во Првата лига.
ТФТ – ПЕЛИСТЕР 97:82
Навистина убаво делуваа оние (10:0), секако за домаќинот, кои стоеја на семафорот во СРЦ „Кале“ по само две и пол минути од оваа средба, во корист на домаќинот.
Но лидерот во првенството најде одговор на почетниот јуриш на „црно-белите“. Во рок од пет минут го свртија резултатот во своја корист. Поведоа битолчани со (16:15). По тројката на Трајковски тра апрендост беше уште поголема (21:17).
Но Смит, Андерсон и Митревски не дозволија таа да биде поголема. Напротив ја вратија предноста, навистина, минимална (24:23), која пред истекот на четвртината ја поништи Вилијамс, за (25:24).
Пелистер имаше предност и во вториот дел од играта, но не поголема од четири поени. Ја стигна Николов со точен шут за два поени, за егал (32:32), по скоро пет минути од втората четвртина.
Истиот кошаркар со поени по офанзивен скок постави (44:45), а веќе во следниот напад, Андерсон креира ново минимално водство на ТФТ (46:45). Но на истекот на првото полувреме Кесар погоди, а судиите по доста размислување го потврдија погодокот, за минимално водство на гостите (47:46).
Слично тргнаа „црно-белите“ и на почетокот на третата четвртина. Дури и посилно. Второто полувреме го отворија со серија од (15:3) по која поведоа со највисоки (61:50) кога се играше 25.минута. Но тука не застаа избрнаицте наа тренерот Боро Смилковски. Пред истекот на тој дел имаа уште поубедливи (76:58), пред Вилијамс да погоди за нешто пониски, но повеќе од убедливи (76:60) во корист на дебитантот.
Последниот дел помина во една израмнета игра во која гостите од Битола се обидуваа да ја спуштат негативата на едноцифрена. Но вечерва наидоа на противник кој се чини дека и повеќе од нив ја посакуваше победата. А и креираше услови за да стигне до најголемото изненадување во досегашниот дел од првенството.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ЗАОСТАНАТИ НАТПРЕВАРИ
ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ – АКАДЕМИЈА ФМП 65:86
КОЖУВ – ВАРДАР 86:82 (73-73)
ТФТ – ПЕЛИСТЕР 97:82
ГОСТИВАР – КУМАНОВО 91:83