По релативно израмнeтото прво полувреме, малку кој очекуваше дека второто ќе донесе таков развој на настаните. Прво експлодираа гостите од Куманово. А кога се смирија, ерупција на гостиварци, за конечен успех.
ГОСТИВАР – КУМАНОВО 2009 91:83
Доста израмнета беше играта во првиот дел. Минути во кои ниту Гостивар, ниту Куманово 2009 не направија некоја осетна разлика. Исклучок беа оние (13:7) во петтата, и (20:14) во 8.минута од играта во корист на домашната екипа, која имаше само (21;20) по првиот период од дуелот во салата „Младост“ во Гостивар.
Без особени промени протекна и оној вториот. Гостиварци имаа постојана резултатска предност. Овојпат нешто поголема во однос на првата четвртина. „Сино-белите“ имаа предност и од 12.поени (37:25) во 16.минута. Потоа и (41:29) кога Јанески погоди за три поени.
Но во последните нецели три минути, гостите сепак фатија резултатски приклучок. Намалија на достижни (48:41) пред паузата од 15. минути.
А по неа на теренот во Гостивар како да истрчаа две сосема различни екипи. Гостивар и Куманово ги сменија улогите. Драматично подобра игра на кумановци и очајна на гостиварци.
За комплетна промена на сликата...
Или подобро речено комплетен резултатски пресврт режираа кумановските „сино-бели“. До крајот на третиот период, парцијално гледано, направија одлични (25-8). За двоцифрена предност од (66:56) во пресрет на финалните десет минути.
Но Гостивар не би бил тим кој што знае да изненади, ако не ги врати работите на „претходната ситуација“.
Ако кумановци одиграа добро во третиот период, гостиварци беа скоро двојно подобри во последниот. Не само што ја анулираа двоцифрената негатива, по тројката на Костоски, на 3:37 минути пред крајот, дури и поведоа (77:75).
Тајм-аутот на тренерот Мирковски, не донесе никакво подобрување во играта на гостите. Во поентерска серија влезе новакот Фрајдеј, тројка погоди и Димчевски, и сликата не теренот беше сосема поинаква (84:77) за Гостивар беше пред влезот во последната минута од натпреварот. Овојпат недостижна за Куманово 2009 кој го испушти својот момент кој го имаше во третиот квартал.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ЗАОСТАНАТИ НАТПРЕВАРИ
ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ – АКАДЕМИЈА ФМП 65:86
КОЖУВ – ВАРДАР 86:82 (73-73)
ТФТ – ПЕЛИСТЕР 97:82
ГОСТИВАР – КУМАНОВО 91:83