23.12.2020

Четвртти триумф во четири средби за Работнички, против Еуро Никел 2005 (89:85)

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР ОД 4. КОЛО ОД ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ: Работнички „стана“, па „падна“, но го победи и Еуро Никел 2005

По доста подолга пауза кошаркарите на Работнички се вратија во првенствен ритам. И во тој некој стил го одиграа дуелот со Еуро Никел 2005. Во втората четвртина направија плус од 17. Во продолжението го загубија. Беа во ситуација да загубат. Но двете тројки на Американецот Вашингтон, ја донесоа пресудата. Тимот од „Градски парк“ да дојде до уште една побеза, за макси ефект по четири одиграни натпревари.

РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ 2005     89:85

Ако натпреварот во СРЦ „Кале“ во првата четвртина беше рамноправен, во секој поглед на зборот. По десет минути игра, Еуро Никел 2005 водеше со (25:21). Но се беше сосема поинаку во втората...

Цели пет минути кавадарчани не дадоа ниту еден кош. Работнички пак постигна дури 15. во серија, за двоцифрено водство од (36:25).

Дотогаш, највисоките 14. поени разлика, во корист на Работнички, (47:33), беа забележани во 18.минута. Но по шестата тимска тројка, ја постигна Ефремовски, домашната екипа дојде до уште повисока предност (50:35).

Работнички беше доминантен во тој втор период од играта кој го доби со превисоки (33:12) за уште поубедливи (54:37).

Разлика која беше креирана со висок процент на реализација за два (84%), и сосема солидна за три поени од 42% (6/14). Сосема поразлично од кавадарчани кои во првото полувреме биеја со скромни 25% за три, и нешто подобри 40% од дистанца, каде со 17.поени, поентерски се одвои довчерашниот играч на Работнички, Данило Мијатовиќ.

Кај „црвено-белите“ двоен број на поени – 12, уфрли Вашингтон, а два помалку имаше расположениот Ефремовски.

Кавадарчани беа доста добри и во првиот дел од третата четвртина во кои ја преполовија високата негатива. Поточно, ја сведоа на едноцифрена (66:57), нешто потоа имаа и уште пониски, (63:68) по деветтиот поен во четвртината на Влаховиќ.

Серијата на Еуро Никел 2005 беше продолжи и до (13-2), за ново намалување на разликата на (64:68). Работнички продолжи со „распродажбата на топки“, ја казни Караколев, за (66:68).

Вашингтон стави крај на маките, со атракција, за прекин на црниот период (70:66), за тој возбудлив трет период, финишира со прифатлив резултат за Работнички, (75:66).

Но кога видоа дека „можат“, кавадарчани продолжија да ја ситнат негативата. Ја поништи Мијатовиќ, за нерешени (75:75), по две и пол минути од последната четвртина. Израмнето беше и на три минути пред крајот (82:82). Но само пред Петровски да погоди за три поени, и да му донесе водство на Еуро Никел 2005 (85:83). Од истата позиција, врати Вашингтон, за ново водство на Работнички (86:85). По вториот точен негов обид од зад линијата 6.75 метри, веќе беше (89:85) за домаќинот на овој меч. Следуваше почетничка грешка на Влаховиќ, и отиде уште една шанса за гостите од Кавадарци за трета по ред победа при посетата на Скопје.