МЗТ Скопје Аеродром, поточно нивниот капитен, Дамјан Стојановски најдоа решение како да се победи дебитантот во Првата лига. Екипата на ТФТ.
Иако испуштија 16.поени предност во првото полувреме, имаа егал до неколку минути пред крајот на средбата, „металците“ знаеја како да го затворат, и да победат.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТФТ 91:78
Со серијата од (16-5), ТФТ беше екипата која се врати во игра. Во 16.минута беше во негатива од само четири поени (37:41), и да симне дури 12.поени од највисоката негатива која „црно-белите“ ја имаа во текот на првата четвртина.
Она водство на „металците“ од (37:21) кое го креираа со своја серија од (16-4) сметано парцијално од крајот на првата и првите три минути од втората четвртина. Во најголема мерка поради одличното шутерско издание на капитенот на Дамјан Стојановски, кој иако не беше во стартната петорка, дојде од бројката од 13.реализирани поени.
Одлични офанзивни минути имаше најдобриот скокач на гостите, Амир Смит, ги заокружи со реализација на десет поени (плус и шест скока). А офанзивниот скок на Хортон, претходно и упорноста на Митревски, ги донесе гостите и до нерешен резултат на полувремето (43:43).
Го одбележа тој играчки и резултатски „камбек“ на ТФТ во завршните неколку минути, што донесоа гаранција за уште поголеми возбудувања во второто полувреме.
Гостите од Тафталиџе продолжија во ист стил и по одморот. Додадоа уште пет поени на своето конто. За две минути поведоа со (48:43), потоа и (51:46).
Но по доста перипетии „бркање“ на домаќините на тоа гостинско водство. Долго време се враќаа „металците“, но успеаја во обидите да стигнат до нерешен резултат (63:63).
И во последните десет минути двете екипи да влезат со подеднакви шанси за победа.
Домашната екипа ќе имаше уште поголеми проблеми, особено во фазата на нападот, ако го немаше Дамјан Стојановски. Практично сам го држеше својот тим во резултатска рамнотежа. И по неговата тројка и негов 25.поен на мечот, МЗТ Скопје Аеродром на почетокот на 35.минута имаше минимално водство (73:72).
Кога од истата позиција погоди и Крстевски (по втор пат), беше многу полесно за трофејниот тим од Аеродром (76:72). Серијата на домашната екипа продолжи и до (12-3), за (82:74). Одлични минути од финалните имаше Бојан Крстевски кој го донесе тоа убедливо водство. Сега и недостижно за гостите, затоа што уште еднаш нивните јалови напади ги казни, кој друг ако не Дамјан Стојановски, заокружи точно 30.поени!
За кошаркарите на ТФТ ова беше десеттиот меч и трети пораз во Првата лига.
МЗТ Скопје Аеродром пак со овој одигра вкупно седум. „Сино-белите“ се на ефект од четири победи и три порази во пресрет на 13.коло кое се игра во текот на претстојниот викенд.