Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се уште еден чекор поблиску до горните позиции на табелата во Првата лига, откако вечерва во заостанатиот натпревар од 5.коло беа подобри од својата „филијала“, МЗТ Скопје Уни Банка.
МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 75:97
Младите „металски сили“ одговораа на предизвикот во првите 10.минути од игртаа во кои беа во еден постојан играчки и резултатски егал. За што говори и семафорот кој по 20.минути застана на бројките (42:39) во корист на екипата која беше означена дека ќе победи.
Но работите почнаа да влегуваат во некоја „нормала“ на почетокот на третата четвртина. Односно кога поискусните влегоа во „став“, имаа одлична реализација, и серија , победоносна, која со две тројки ја најави Бојан Крстевски. Тој трет дел од играта првиот тим на МЗТ Скопје го доби со двојно поголеми (34:17), кои им овозможија во оној последниот да играат многу „помирно“. А нивниот тренер да ја „распредели минутажата“ спремајќи се за наредните искушенија во првенството.
Четири од пет стартери во тимот кој го предводи Ѓорѓи Кочов завршија со двоен број на поени Најмногу 19 имаше токму Крстевски, еден помалку даде Олуџоби. Од условно кажано резервистите“, во сличен поентерски ефект завршија Бпјиќ (14) и Мекиќ (13.поени).
Премногу за составот предводен од Борче Даскаловски, каде исто така имаше дури петмина „двоцифрени“ кошаркари. Со дабл-дабл од 15.поени и 13. скокови предначеше Монтгомери, додека Андреј Андоноски даде 14.
Ова беше шестата победа за МЗТ Скопје Аеродром во девет одиграни мечеви. МЗТ Скопје Уни Банка пак е на ефект од една победа и девет порази.