Дуелот со Куманово 2009 кој го решија во своја корист по цели 50.минути играње, покажа дека кошаркарите на Еуро Никел 2005 се навикнати, и знаат како да победуваат во кошаркарските „маратони“.
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – КУМАНОВО 2009 112:111
Доста израмнета беше првата четвртина од дуелот во „Јасмин“. Ниту една од двете екипи не направи некоја посериозна разлика.
Дури на почетокот на втората, со серијата од (9-3), Еуро Никел 2005 за прв пат се доводи на сериозни, поточно кажано солидни (25:18) на истекот на 14.минута. А десет од тие 25.поени беа дело на највисокиот играч на теренот – Роберт Рикиќ.
Во продолжението, кумановци се „симнаа“ на негатива од три поени (29:32), но кавадарчани во нападот го добија и Петровски.
Искусниот бек брзо собра 12.поени, што беше видливо на резултатот. Еуро Никел 2005 ја врати солидната разлика, и на полувремето имаше плус од осум поени (42:34).
На другата страна Марковски беше првиот двоцифрен играч, стрелец на 10.поени, додека Ливингстон даде два помалку.
Кумановци успеаја во обидите да се вратат „назад во игра“ во третиот дел од играта. Надополнија шест поени од негативата. Имаа (63:65) на истекот на тој дел од играта.
А по реализацијата на репрезентативецот Робев, на 4:26 минути пред крајот на мечот, и поведоа со (78:77). Водеа и по двете слободни фрлања кои ги реализираше Ѓекиќ (84:82) на 2:02 минути пред крајот.
Во многу важен момент, Петровски даде уште една тројка. Ја врати предноста на домашната страна (85:84) кога останаа да се доиграат 1:05 минути. Одговори вистински, Андрејевиќ, за нова промена на водството во „Јасмин“ (86:85).
По неговиот офанзивен скок и поентирање, останаа уште 12.секунди. А по тајм-аутот на Горан Самарџиев, три секунди подоцна, Рикиќ беше половичен од линијата за слободни фрлања. Израмни на (86:86).
Шансата за победа во регуларниот дел ја пропушти Марковски, мораше да се играат екстра пет минути.
А во нив, на 48.секунди пред крајот, Глигоријевиќ погоди тројка, за нова промена на водството. И плус од еден поен кој гостите не успеаја да го задржат.
Во првото продолжение, шансата за победа не ја искористи Дубински, кој не погоди при резултат (98:98).
Во второто, Рикиќ погоди за (112:108), и остави да се доиграат 98 секунди. А во нив дури на четири секунди пред крајот Андрејевиќ погоди за три поени. Намали на (111:112), но време за пресврт за кумановци, не остана.
Двата бода одат на сметката на Еуро Никел 2005. За кавадарчани ова е седма победа во серија, и ефект од 15 победи и 6.порази со кој се позицинираа на позицијата број 2.
Куманово 2009 пак оди кон половичен скор, моменталниот им е (10-9) на три меча пред крајот на регуларната фаза од првенството.