07.04.2021

„Металците“ го имаа најслабиот настап во последно време во сите натпреварувања, Гостивар е во плеј-офот

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР ОД 7. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Јончевски го „размрда“ Гостивар, цехот го плати – МЗТ Скопје Аеродром!

Но тоа воопшто не го намалува триумфот на еден „нов“ сосема поинаков, пред се добро мотивиран, амбициозен, и разигран Гостивар.

Во деби настапот како нов тренер на Гостивар, Александар Јончевски го донесе толку посакуваното. И тоа против екипата коај ја водеше со успех неколу сезони, која не личеше на тим кој ја посакува шампионската титула.

ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ          65:51

Видно мотиирани го започнаа овој меч домашните кошаркари. Промената на првата тренерска позиција како да им донесе некој импулс повеќе на гостиварци во дуелот со екипата од Аеродром.

Ако во првиот период играта беше израмнета, Гостивар го реши во своја корист со (19:17), за речиси три минути игра од вториот период, и серија од (7-0) дојдоа до првото поголемо водство (26:17).

Цели пет минути екипата на МЗТ Скопје Аеродром осетно хендикепирана со неиграњето на капитенот Дамјан Стојановски, и отсуството (поради болест) на шефот на стручниот штаб, Дарко Радуловиќ, не постигна кош.

Домаќините, за прв пат предводени од некогашнто прв тренер на „металците“, Александар Јончевски, знаеја тоа да го казнат, стигнаа и до уште повисоки (31:17).

Дури на истекот на 16.минути, Крстевски го сопре налетот на Гостивар.  Но за момент, во осум и пол минути ги имаа само тие два поени од игра. Гостивар имаше 18, за неверојатни (37:19).

Феноменалната втора четвртина Гостивар ја финишира со (39:23).
Колку очајна беше играта на „аеродромци“ вели и податокот дека за 15.минути, односно десет во втората и уште пет од третата четвртина, имаа дадено само седум поени.

Само два од нив од игра!!!

Не чудеа воопшто оние (43:24) за Гостивар во средината на третата четвртина. Имаа домаќините и плус од 25.поени (51:26), потоа и (54:29), за тој дел од играта да заврши со резултат (54:32).

Парцијално гледано, за две четвртини, МЗТ Скопје Аеродром уфрли само 15.поен, поголем дел од нив од линијата за слободни фрлања!!!

Во последната, играа за својата и еста на клубот. И донекаде успеаја да го поправат лошиот впечаток. Ја добија таа последна четвртина гостите од Скопје со (19:11) колку да го ублажат лошиот ден во Гостивар.

Оваа голема победа за Гостивар значи и сигурно место во доигрувањето за титулата. Сега, „сино-белите“ се на скор (11-9) кој по денешниот пораз во Кавадарци од Еуро Никел 2005, е недостижен за гевгелиски Кожув кој има (9-12) и само уште еден натпревар за доигрување..