Изглед како никој да не може да го сопре Пелистер во овој дел од шампионатот Во Кавадарци веруваа дека тоа може да го направи Еуро Никел 2005. Но случувањата во текот на 40.минути од дуелот во „Јасмин“ беа вистински демант.
Лидерот го прегази кавадаречкиот состав. Уште по 20.минути имаше 20.поени предност, кои рутинерски ги претвори во „баксузната“ победа во досегашниот дел од шампионатот.
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ПЕЛИСТЕР 75:102
Вечерва, битолчани беа комплетни владетели на играта и ситуацијата на теренот во салата „Јасмин“.
Особено тоа се однесува на првото полувреме во кое „зелено-беоите“ стигнаа до повеќе од убедлива предност од цели 20.поен (58:38).
Дека се подготвени да дадат уште една „стотка“, битолчани најавија уште во првата четвртина која ја добија со скоро двојно повеќе дадени, отколку примени поени (35:18).
Тоа беше и своевиден патоказ, како треба да продолжат до крајот на ова гостување во Кавадарци.
А извонреден индивидуален почеток имаше стартниот двоец, Вилијамс-Кесар, на кои, подоцна во поентерскиот ефект им се приклучи и Бојан Трајковски.
На истекот на полувремето, битолскиот „трилинг“ испорача дури 41. од оние 58 гостински поени. А дополнително, девет од нив беа дело на Малешевиќ, и повеќе од доволно да се разбијат домашните илузии за нешто повеќе.
Не се променија многу работите ниту во второто полувреме. Освен што гостите до Битола изградија уште повисока предност. Имаа плус 25. (80:55) на две минути на истекот на третиот период. И фактот дека Роберт Рикиќ дојде до дабл-дабл од 13.поени и 13. скока за нецели три четвртини од играта кај Еуро Никел 2005.
Во последнаѕа четвртина, откако стартерите завршија најголем дел од задачата, тренерот на гостите, Марјан Илиевски се одлучи да им укаже шанса и на други играчи како Михајловски, Калахан и Нацевски. Но интензитетот на постигнување поени, пред сè, не падна. На 7:40 минути пред крајот, Пелистер водеше и со (88:60), па се чекаше моментот кога ќе ја надминат бројката од сто дадени поени.
Ги даде Михајловски, на 1:17 минута пред крајот, кога постави (100:73). По десетти пат во сезоната!!!
Сето останато беша само една обична формалност за „зелено-белите“ на патот кон 13. победа во 15.одиграни мечеви и сигирно пво место.
За Еуро Никел 2005 ова беше шестиот неуспех во 14.одиграни средби во шампионатот.