Во само неколку дена, два порази запишаа кошаркарите на Академија ФМП на свој терен. По Еуро Никел 2005, подобри од нив вечерва, беа и кошаркарите на Кожув. Со доста подобра игра, пред се во одбраната, ги урнаа надежите на домаќините за „рехабилитација“ по претходниот неуспех.
АКАДЕМИЈА ФМП – КОЖУВ 72:83
На крајот на првата четвртина гостите од Гевгелија имаа „само“ (19:14).Иако во седмата минута од играта, по тројката на беспрекорниот Симоновски (ги погоди сит ечетири обиди од поле) и неговиот деветти поен во четвртината, имаа и двоцифрени (17:6). Во тој триминутен период, со мини-серија од (8-2) Академија ФМП симна добар дел од негативата. Беше продолжена со уште пет поени, за нерешен резултат (19:19), по нецела минута од вториот период.
На почетокото на второто полувреме гостите по втор пат успеаја да изградат предност која на истекот од 30.минута беше двоцифрена (63:53), само како знак дека се решени да дојдат до бодовите кои полека но сигурно ќе ги тргнат од долната зона на прволигашката табела.
Во неколку наврати од последната четвртина, Кожув имаше и уште повисока предност, изразена со плус од 13.поени (70:57), во 33.минута, потоа и (75:62) односно (77:64) во 36.минута од играта во салата „Независна Македонија“.
Одлично функционираше комплетната прва петорка на тренерот Александар Јончевски, во која сите петмина кошаркари завршија со најмалку десет реализирани поени, односно како „двоцифрени“.
На другата страна, и премногу осамен во напаѓачките активности остана Крстајиќ, кој запиша 33.поени. Но без особен кошгетерски придонес од останатиот дел од екипата од Кисела Вода кој го запиша шесттиот (втор последувателен на домашен терен) пораз во 12.одиграни мечеви за половичен ефект (6-6).
Кожув пак дојде до четвртата победа во десет одиграни натпревари со која полека „бега“ од оние последни позиции на табелата.