Работнички успеа да му се одмазди на ТФТ за поразот од минатиот месец, ја продолжи серијата на победи со кои полека но сигурно се каќува кон горнито дел на табелата
ТФТ – РАБОТНИЧКИ 78:81
Работнички имаше одличен старт, направи серија од 13-0 и на средина од првата четвртина поведе со (15:2). По десет минути игра имаше и (25:8), а пред крајот на првото полувреме ги достигна највисоките +24 (46-22).
Се чинеше дека тука е крајот на сите надежи на ТФТ и дека е само прашање каков ќе биде резултатот по вторите 20. минути
Но, момците на Боро Смилковски кој се врати на клупата, покажаа нова енергија по одморот. Во второто полувреме заиграа зонски пресинг низ целиот терен, противничките кошаркари се збунија, почнаа да губат многу топки им овозможија на играчите на ТФТ да постигнат голем број лесни поени.
Негативата постапно се топеше и на 90 секунди пред крајот на третата четвртина беше само (54:56). Можеби ќе беше уште потесно ако не беа трите промашени слободни фрања на ТФТ во тој период, а кои Работнички ги искористи за повторно да избега на +9 (66Ч57).
Долго време гостинот ја одржуваше комотната предност, на 81 секунда пред крајот беше (79:71), но сепак дојде до драматична завршница. Херис погоди тројка, Младеновски направи неспортски прекршок... Сапунџиев реализира две слободни фрлања и ТФТ се доближи на (76:79).
Трите поени разлика останаа до крајот.
За најтрофејниот македонски тим ова е четврта победа во низа, но и покрај одличниот старт, повторно успеа да ја искомплицира својата ситуација во второто полувреме