МЗТ Скопје слави уште една победа, сега и на вториот тим, во едне ден. Откако утринава, „сениорите“ го победија Работнички во АБА 2 лигата, „младинците“, во заостанатиот натпревар од 7.коло беа подобри од Вардар.
Имаа подобар финиш и славеа триумф кој ги изедначи со нивниот вечерашен противник на табелата во Првата лига.
МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – ВАРДАР 89:86
По изедначената прва четвртина (23:22), „вардарци“ беа многу поубедливи во втората. Во тој период и ја направија двоцифрената предност.
На полувреме гостите водеа со сигурни (50:39).
Но младите кошаркари од Аеродром немаа намера да се предадат. Во 28.минута, по поентирањето на Митевски, а потоа и на Андоноски, дојдоа до негатива од само два поени (63:65).
Но двете тројки, прво на новакот во нивните редови, Цветковски, потоа и на Провел, Вардар го одби тој силен напад на домаќините, врати дел од позитивата. Поведе со (71:66), а четвртината ја гостите ја затворија со идентичен плус (73:68).
Серијата од (8-2) им го донесе и толку посакуваното водство на момците од Аеродром (76:75). „Црвено-црните“ се вратија, со своја контра-серија од (8-3), повторно беа во водство (83:79).
Поените на најефикасните играчи во домашниот тим, Монтгомери и Андоноски, потоа и на Савиќевиќ, донесоа последните сто секунди да бидат и драматични (85:86).
По забивањето на Монтгомери, домашната екипа поведе со (87:86), а за доигрување останаа 27.секунди. Радош не донесе водство за Вардар, а Ташовски направи неспортска лична грешка. Доволно за победа, трета за МЗТ Скопје Уни Банка, исто колку то има и Вардар, по 13.одиграни натпревари.