Паузата во шампионатот екипите на Работнички и на Црн Дрим Грин мобиле ја искористија да го одиграат својот, односно зостанатиот натпревар од 8. првенствено коло.
А како победник по 40.минути, доста рамноправна битка во СРЦ „Кале“ излегоа кошаркарите на Работнички.
РАБОТНИЧКИ – ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ 84:81
Работнички, ослабен со неиграњето на Карло Враговиќ (го напушти клубот), како и недоволно опоравениот Ерик Питс, кој стартуваше од клупата за резервни играчи, имаше сериозни проблеми да се справи со агресивниот состав на Црн Дрим Грин мобиле.
Уште од почетокот на натпреварот, стружани обезбедија сосема солидно водство кое по 10.минути игра изнесуваше шест поени (27:21).
Слично се одвиваа работите и во вториот период од играта. Гостите упорно и успешно го бранеа тоа водство. Дури и повеќе од тоа, затоа што во 18. минута, по тројката на стартерот Настовски, достигна и 11.поени (50:39).
Балмазовиќ, првиот домашен играч со двоцифрен број на поени (десет), на ист начин, со тројка, намали на (42:50), за првото полувреме да биде затворено уште со два поени за Работнички и резултат (44:50).
Односно целосно израмнета втора четвртина во која двете екипи си разменија по 23. реализации.
Домашните кошаркари брзо ја стигнаа оваа негатива. Во минута и пол игра од продолжението дојдоа до нерешен резултат, (50:50). Двете екипи се менуваа во водството во целиот тек на третата четвртина во која сепак Работнички обезбеди минимална предност (67:65), со која се влезе во последната, благодарение на една мини-серија од шест, по ред, поени.
Кога требаше, поискусната екипа одигра многу подобро. Во финалните десет минути Работнички дојде до двоцифрена, односно сосема солидна позитива од (82:71) во однос на случувањата на теренот во тие 36.минути.
Недостижна за доста изменетиот состав на Црн Дрим Грин Мобиле „реновиран“ во „мртвиот“ период од сезоната во последните четири. Навистина гостите се вратија во игра за активен резултат. Со серија (10-0), се „симнаа“ на „минус еден“ (81:82) на влезот во последните 60.секунди од играта. По нереализираното слободно фрлање на новакот Коне, Ефремоски ја освои топката, а клупата на Црн Дрим на 22. секунди пред крајот, доби техничка грешка. Балмазовиќ не казни од линијата за слободни фрлања, но го собра „отпадокот“ по нереализираниот обид на Младеновиќ. Во повторениот обид ги погоди двете слободни фрлања за (84:81) кои не успеа да ги стигне Настовски, па победата остана на најтрофејниот клуб кај нас.
За Работнички ова беше шестиот првенствен натпревар во кој стигнаа до петтиот успех пред тргнувањето за Бања Лука каде ги чека вториот „балон“ во АБА 2 конкуренцијата. За стружани пак осмиот, во кој го запишаа седмиот пораз.