ТФТ заборави на поразот во Гвгелија со лесна победа над вториот тим на МЗТ Скопје, со суфикс Уни Банка.
Иако беа далеку од ефикасната екипа препознатлив, знак за нив, „бело-црните“ стигнаа до планираната цел. Да победат екипа која реално нема квалитет и искуство како нивната, и да задржат дел од енергијата за нареднит емечеви во првенството.
ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА 76:65
Доста неефикасно прво полувреме одиграа двете екипи вечерва во СРЦ „Кале“.
Некаква „навика“ создадоа домашните кошаркари во досегашниот дел од шампионатот, дека, по некое непишано правило, испорачуваат висок број на поени.
Но тоа не беше случај во првото полувреме, во кое уште на самиот почеток, се чувствуваше дека полувремето ќе биде сиромашно со поени.
Во првите десет минути двете екипи реализираа векупно 24.поени. Од нив 16. имаше домашната, а двојно помалку - 8, гостинската екипа на МЗТ Скопје Уни Банка.
Нешто подобро, поточно поефикасно, се играше во втората четвртина во која ТФТ се стекна со двоцифрено водство, а кое до истекот на 20.минути го донесоа до 11.поени (37:26).
Ако нешто импресионираше, тоа беа десетте скока на Амир Смит во тој дел од играта (имаше само два поени). Делумно и 11. поени на еден од најмладите домашни кошаркари, Андреј Митревски. Макар и како резервист, и со не баш висока реализација (4/9).
На другата страна уште „посиромашни бројки“. Савиќевиќ седум поени, Монтгомери и Тодоровски по исто толку – скокови!
Премалку од најмладата екипа во првенството...
Сепак, ТФТ тешко успеваше да го зададе оној завршен удар и да ги обезбеди двата планирани бода. Не им успеваше тоа на домашните кошаркари ниту во третиот дел од играта макар што, „невидливо“ во кој направија нешто повисока предност (60:46).
Тоа беше задоволувачки за домашната екипа, која не форсираше во последниот дел од играта, исто така сиромашен со поени на двете страни. Довопно онаа домашната да ја потврди улогата на фаворит.
За ТФТ ова беше 13. натпревар и деветта победа во сезоната, за скор (9-4) доволен за второто место на табелата во Првата лига.
МЗТ Скопје Уни Банка останува на 3 победи, и сега 11.порази во 14.одиграни мечеви.