Еуро Никел 2005 ја продолжи победничката серија во Првата лига. Кавадарчани играа со доста осцилации, но во финалната четвртина пронајдоа решение како да го скршат отпорот на упорната екипа од Гевгелија.
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – КОЖУВ 84:75
Гевгеличани играа повеќе од добро во првите 13.минути од гостувањето во Кавадарци. По поените на репрезентативецот Симоновски, дојдоа до плус од 7. поени (25:18).
Но од тој момент тргна серијата од (10-0) на Еуро Никел 2005, по која домашната екипа го сврте резултатот. Поведе со (28:25), и успеа да ја сочува, макар и минималната разлика до полувремето (35:34).
Иако почна од клупата, Караколев имаше десет реализации кај тимот од Кавадарци. Еден помалку на спротивната страна имаше Скот, кој заедно со Симоновски ги одигра сите 20.минути.
Имаа кавадарчани и двоцифрено водство во третиот период (55:45), по шест и пол минути од играта. Но Кожув се врати уште еднаш. Во финишот на овој дел, по тројката на Симоновски, беше минимални (58:57) во корист на Еуро Никел 2005.
По двете троји по ред, на Лок и Станојевиќ, Кожув го превзема водството (63:60) во првите два напади од последниот дел од играта. Истата разлика беше и на средината од последната четвртина (71:68).
Следуваше уште еден пресврт...
Но сега во режија на кавадарчани, кои со своја серија од (10-1) поведоа со (78:72) кога останаа да се доиграат нецели три минути.
Кога требаше, тука беше „стариот и добар“ Дарко Соколов кој даде седум од последните девет поени за Еуро Никел 2005 кој на тој нашин ја прослави и својата 14. Пибеда во 20.одиграни натпревари која ги (о)става, барем засега, на пзицијата број 2 во Првата лига.
Со овој пораз за Кожув остана само теоријата и обидите да дојде до 8.место кое води во плеј-офот.