09.04.2021

Иако хендикепирани со неиграње на двајца репрезентативци, и тренерот Радуловиќ, „металците“ најдоа решение, го победија Куманово (93:87)

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР ОД 9.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Мекиќ ја отвори серијата, МЗТ Скопје Аеродром ја потврди победата

Без тренерот Дарко Радуловиќ и капитенот Дамјан Стојановски, но и Андреј Магдевски, „аеродромци“ настапија со само седум кошаркари во Куманово, и поради тоа заслужуваат честитки за своето издание и победата над кумановскиот состав.

КУМАНОВО 2009 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ         87:93

Со исклучок на првите минути, МЗТ Скопје Аеродром водеше во текот на целиот меч, а клучната разлика ја создаде благодарение на одличната шутерска вечер  на Адем Мекиќ.

Поранешниот играч на Куманово постигна шест тројки и вкупно 19 поени во првата четвртина во која МЗТ Скопје направи 13 поени предност (34:21).

Тоа беше и предноста која беше „повтоеувана“ во другитре три четвртини од играта.

На пример, Куманово успеваше да ја симне разлигата на едноцифрена. Но имаше и период во кои „метлаците“ имаа и повисока разлика од 13.поени.

Сепак, на три минути пред крајот беше (80:86) за гостите од Скопје, по што Олуџоби погоди положување, а Николов реализира тројка за комотни 11 разлика (80:91) кои Куманово не успеа во целост да ги надополни до последниот звук на сирената.