Уште една победа за кратко време реализираа кошаркарите на Работнички. Денеска беа подобри и од вториот клуб од Аеродром, МЗТ Скопје Уни Банка.
МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – РАБОТНИЧКИ 61:70
Само четири поени позитива (32:36) имаа „црвено-белите“ на ова гостување во „Јане Сандански“ во првото полувреме. Иако постојано се обидуваа, гостите не успеваа да направат некоја посериозна позитива во дуелот со далеку помладиот противник.
А со серијата од (10-5), во нецели пет минути од третата четвртина, МЗТ Скопје Уни Банка дури и го презема водство, макар и минимално (42:41). Во едне таков ритам се одвиваа работите во тој дел од играта во кој нирру една од двете екипи не се одвои на поголемо „растојание“.
По три четвртини, Работнички имаше три поени предност (51:48).
А пресудните моменти дојдоа во последните десет минути во кои поискусната екипа знаеше како да дојде до целта. Со одбрана, доста добра, макар што многу пореално е да се каже дека домашната екипа имаше доста низок процент на реализација во ударите, особено за два поени. нивниот лидер, Монтгомери, кој имаше очајни (1/15 од поле).
Одлично издани, по подолго време, на Мулалиќ кој даде 6 тројки од 8 обиди, за 22.поени. Стандардно висок просек има и Бундовиќ, сега застана на 19.поени и 8.скока, додека на Младеновски му недостасуваше еден поен за нов дабл-дабл ефект (9 поени и 11.скока).
На другата страна, Зекири дојде до 17. реализации, М.Митевски имаше 13, а Наумоски уште 12.поени.
Работнички е на скор 11-5, додека МЗТ Скопје Уни Банка има 6-14 по 20.одиграни натпревари.