Се поблиску сме до формирањето на четирите четвртфинални серии во доигрувањето за влез во Првата лига.
Оваа седмица беше резервирана за одигрување на неколку одложени натпревари, по што станува се појасен и распоредот на екипите во групата Исток.
Се чини дека на гостувањето во Каменица, екипата на Феникс 2010 дојде до клучната победа за потврда на првото место во групата Исток. Славеа гостите со сигурни (74:55), за скор (15-2), па со евентуална победа во псоелдното коло (против екипата на Про Баскет), Феникс 2010 ќе ја има позицијата број 1 на Истокот.
Без оглед на исходот на натпреварот Ангели (14-2) – Шкупи (13-3), Феникс 2010 поради подобриот скор со тимот од Драчево во меѓусебните дуели, ќе ја има најдобрата стартна позиција пред доигрувањето.
Дуелот помеѓу екипите на Ангели и Шкупи (во ова коло беа убедливи против екипата на Струмица 79:64), ќе одлучи кој ќе биде на второто односно третото место во оваа конкуренција.
За она последното пак во конкуренција останаа две екипи велешки Борец Баскет и Баскет КАМ.
За таква разврска велешани се изборија со победата против Струмица (74:71). Но за да бидат во првите четири ќе им треба победа над Шкупи во последното коло кое ќе се игра наредниот викенд.
Или пак евентуално Баскет КАМ да не победи на гостувањето во Струмица, која мора да победи за да остане во Втората лига и за наредната натпреварувачка сезона.
На Западот се одигра само еден натпревар со кој беше детерминирана позицијата број 2. Ќе ја има екипата на Партизан Водно Санс која како гостин ја совлада Хераклеа (86:84), и пред последното коло, има недостижна предност во однос на Тетекс ТТК и токму Хераклеа.
ВТОРА ЛИГА
ИСТОК
ЗАОСТАНАТИ НАТПРЕВАРИ
Шкупи – Струмица 79:64
Баскет КАМ – Феникс 2010 55:74
Борец Баскет – Струмица 74:71
14.АПРИЛ (СРЕДА):
Ангели – Шкупи
ЗАПАД
Хераклеа – Партизан Водно Санс 84:86