20.01.2021

Доста важен меч се игра и во Гостивар, каде гостува екипата на Куманово 2009

ЗАОСТАНАТИ НАТПРЕВАРИ-3 И 4. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ го предизвикува „непобедливиот“ Пелистер

Денеска ќе се одиграат четири натпревари, кои се водат како заостанати во календарот за натпреварување од третото одсносно четвртото коло од Првата лига.

Колото број 3 ќе се комплетира со одигрувањето на средбата ТФТ-Пелистер која стартува од 18.часот, а ќе се игра во големата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Другите три натпревари се дел од 4. првенствено коло.

Првиот се игра од 16. часот, кога во Струга, ќе се сретнат екипите на Црн Дрим Грин мобиле и Академија ФМП.

Нешто подоцна, од 17.30 часот, во Гевгелија, Кожув ќе го пречекаат скопски Вардар, додека пак од 18.часот, во салата „Младост“, Гостивар е домаќин на мечот на кој за противник ја имаат екипата на Куманово 2009.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ЗАОСТАНАТИ НАТПРЕВАРИ

ДЕНЕСКА:

16.00: ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ – АКАДЕМИЈА ФМП

Сала СЦ „Тими“ - Струга

17.30: КОЖУВ – ВАРДАР стрим-линк

Сала „26.април“ - Гевгелија

18.00: ТФТ – ПЕЛИСТЕР  стрим-линк

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

18.00: ГОСТИВАР – КУМАНОВО          стрим-линк

Сала „Младост“ - Гостивар