Скоро како редовно коло, иако денеска и утре ќе се одиграат неколку заостанати натпревари во Првата лига-мажи. Поточно на програмата се четири натпревари. Еден неодигран од 4. коло, и уште три од 6.коло.
Денешната програма би требало да ја одбележи средбата во Битола (18.30 часот), каде лидерот во првенството, екипата на Пелистер го пречекува Гостивар.
Претходно, од 16.часот, во Струга, ќе играат Црн Дрим Грин Мобиле и Еуро Никел 2005, а во Гевгелија (17.30 часот), Кожув е домаќин на екипата на МЗТ Скопје Уни Банка.
Ден подоцна, во четврток од 19.30 часот е можеби и најинтересниот дуел. Оној во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ каде екипата на МЗТ Скопје Аеродром е во улога на домаќин на екипата на ТФТ
ЗАОСТАНАТИ НАТПРЕВАРИ
ДЕНЕСКА:
16.00: Црн Дрим Грин Мобиле – Еуро Никел 2005
Сала на СЦ „Тими“ – Струга
17.30: Кожув – МЗТ Скопје Уни Банка
Сала „26.април“ – Гевгелија
18.30: Пелистер – Гостивар
Сала „Боро Чурлевски“ - Битола
ЧЕТВРТОК:
19.30: МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ МРТ
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје