Но денеска ќе биде така. И што е исто така занимливо, вечното дерби број 154 во постоењето на двата клуба во независноста на нашата држава.
Барем засега, многу понапред е екипата на Работнички која има добиено 90, а нивниот вечерашен домаќин, има 63 во досега одиграните натпревари низ историјата.
Денешниот дуел доаѓа во еден крајно незгоден момент од причина што ќе се игра под вонредни услови предизвикани од пандемијата на коронавирус, кои диктираат овие 40.минути да се играат без присуство на публика.
Ако се мери според досегашните резултати, нема изразит фаворит на дуелот кој од 16. часот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“. Двете екипи имаат запишано по пет порази во 15. односно 16 одиграни мечеви (колку што има Работнички) пред почетокот на денешниот, кој е дел од програмата на 12. првенствено коло.
Денешната програма пак носи уште еден натпревар, во Кавадарци, каде во истиот термин, од 16.часот, ќе се судрат екипите на Еуро Никел 2005 и Куманово 2009.
Кавадарчани (скор 14-6), се во една одлична серија на игри и на резултати кои и ги донесоа на високата втора позиција на табелата на која сакаат и да останат. Од друга страна Куманово 2009 (10-8) е во потрага по потврда на што повисоко место во плеј-офот.
ЗАОСТАНАТИ НАТПРЕВАРИ
ДЕНЕСКА:
16.00: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички (МРТ3)
Сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
https://youtu.be/vfahnocBrdg
16.00: Еуро Никел 2005 – Куманово 2009
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
https://youtu.be/HkSxYT0KKOs