Паузата во првенството, дел од екипите во Првата лига во женска конкуренција ја искористија да одиграат одреден број на заостанати средби.
Особено тоа се однесува за екипата на Гостивар, која за доста краток временски период, одигра дури пет натпревари.
А девојките кои ги предводи Кире Анастасоски, дојдоа до првите победи во сезоната.
Во натпреварот од 5. коло, беа подобри од екипата на Трокал (61:53), додека во оној од 6.коло, славеа триумф и против Пантери (70:44).
Својот прв меч по подолга пауза, втор во шампионатот, го одиграа и кошаркарките на Работнички кои во доста интересен меч беа подобри токму од екипата од Гостивар (80:53).
Максимален ефект во групата „Запад“, за кошаркарките на Бадел 1862. Во само неколку дена „баделки“ дојдоа до уште две планирани победи. Славеа со убедливи (110:40) против Гостивар, и слични (115:31) во дуелот со екипата на Шкупи.
Лидерската позиција во групата „Исток“ е за Баскет КАМ која во одложениот меч од 3. коло беа многу подобра од Крива Паланка. Како гости славеа со високи (102:58), за максимални четири победи во исто толку натпревари.
РЕЗУЛТАТИ - ЗАОСТАНАТИ НАТПРЕВАРИ
1.КОЛО: Гостивар – Струга 2009 21:81
2.КОЛО: Работнички – Гостивар 80:53
3.КОЛО: Крива Паланка – Баскет КАМ 58:102
4.КОЛО: Бадел 1862 – Гостивар 110:40
5.КОЛО: Гостивар – Трокал 61:53
6.КОЛО: Гостивар – Пантери 70:44
6.КОЛО: Бадел 1862 – Шкупи 115:31