Од денеска, и официјално, започна продажбата на влезните билети за претквалификациските натпревари на Евробаскет 2025 кои во периодот од 10. до 13. ноември, 2022 година, нашата машка сениорска репрезентација ќе се играат во Гевгелија.
Со одлука на раководството на Македонската кошаркарска федерација, цената на влезниците за двата натпревари во салата „26.април“ во Гевгелија, е максимално популарна, изнесува 100 денари.
Место за продажба на влезните билети ќе биде билетарницата на салата „26.април“ во Гевгелија, која ќе биде отворена секој ден во периодот од 9. до 16. часот.
Влезните билети ќе се продаваат и на денот на одигрување на натпреварите.
Распоред на претквалификациските натпревари во Гевгелија
10. ноември (четврток):
19.00 часот: Македонија - Норвешка
13. ноември (недела):
19.00 часот: Македонија - Данска