28.12.2020

Овој викенд во Скопје, прв дел од обуката за тренери кои работат со млади кошаркарки.

Започна проектот менторирање на тренери кои работат со млади категории на кошаркарки

Согласно најавата, во саботата во салата на ОУ „Киро Глигоров“ во Скопје, започна проектот: „Менторирање на тренери кои работат со кошаркарки во млади категории“.

Координаторот за женска кошарка, Саша Димитријевиќ собра дел од пријавените тренери и одржа корисни предавања за овој сегмент од кошарката.

„Реков и порано, со еден ваков проект ќе мотивираме и нови млади тренери–почетници да се обучуваат и да се вклучуваат во работа во клубовите. Нормално дека не можеме да ги присилиме ниту клубовите, ниту тренерите на едно вакво менторирање, но оние кои сакаат да напредуваат мислам дека ќе гледаат на овој проект како можност за нивен личен напредок“- потенцира Димитријевиќ на почетокот на оваа тренерска обука.

Наредниот собир, односно продолжението на овој и тоа како корисен проект е планирано да се одржи некаде во средината на јануари.