Субвенциите кои ги најави Македонската кошаркарска федерација кон крајот на изминатата сезона ги поттикна клубовите во женските конкуренции да пријават сениорска екипа како и две младински (услов за бесплатна котизација за учество во лигите). Па така, претстојната натпреварувачка сезона во првата лига во женска сениорска конкуренција ќе учествуваат шест клуба повеќе од минатата што е нешто повеќе од двојно поголем број на учесници.
Бранителот на шампионската титула од натпреварувачката сезона 2017/2018 Бадел 1862 оваа сезона ќе се надигрува против десет други екипи и тоа против Вардар, актуелниот освојувач на Куп-трофејот, Баскет Кам, Гостивар, Клубски Патриот, Крива Паланка, Пелистер, Работнички, Струга 2009, Трокал и Шкупи.
Првото коло ќе започне со потфрлување на топката во Делчево на натпреварот помеѓу Клубски Патриот и Вардар в сабота, 13. октомври, во 11:00 часот. Неколку часа подоцна, во 13:30 ќе започне дуелот помеѓу екипите на Работнички и Бадел 1862 в Скопје, а останатите натпревари ќе се одиграат ден подоцна. В недела со почеток во 13:30 ќе се пресметаат екипите на Струга 2009 и Шкупи односно Крива Паланка и Пелистер. Колото ќе го заокружат екипите на Гостивар и Баскет Кам со меѓусебен дуел кој ќе започне во 16:00 часот.
По дваесет и две одиграни кола, четирите најдобро пласирани екипи на табелата во ПЛЖ ќе разигруваат во плеј-оф за шампионската титула. Целосниот распоред на натпревари е достапен на следниот ЛИНК.
Македонската кошаркарска федерација им посакува успешна сезона и фер-плеј игра на сите натпреварувачи!