06.11.2024

По воведните шест кола, формирани се натпреварувачките групи во првата, односно втората лига

Завршен е првиот дел од М18 лигата во машка конкуренција

Шест кола кои може да се квалификуваат и како „квалификациски“ се зад 20.екипите кои се дел од М18 младинската лига во машка конкуренција за оваа натпреварувачка сезона.

А согласно со системот за натпреварување Втората лига, се зад нас, шест рунди во кои беа одиграни по шест натпревари во петте квалификациски, по кои најдобрите осум обезбедија место во Првата лига, останатите 12, го продолжуваат натпреварувањето во двете натпреварувачки групи, Втора лига-исток и Втора лига-запад.

Екипите на Вардар, Водно Санс, Феникс 2010, Кожув и Пелистер (подобар меѓусебен скор во однос на екипата на Работнички 2018) , како првопласирани, односно, Работнички 2018, Тиквеш и МКК Куманово, како три најдобро второпласирани, ќе бидат дел од Првата лига во М18 лигата.

Во втората фаза, ќе тргнат од „нула“, ќе одиграат двокружно, уште дополнителни 14.кола, а во зависност од пласманот, ќе бидат одредени и натпреварувачките броеви за „Оролоџото“ (кое носи дополнителни седум натпревари).

Во Втората лига-исток ќе се натпреваруваат екипите на Борец баскет, Струмица, МЗТ Скопје, Дино баскет Деликатес, Ангели и ИБА баскет, додека во Втората лига-запад, се екипите на Вибас баскет, Гостивар 2, Универзитет Тетово, Црн Дрим, ТФТ и Чаир 2030.

Овие 12. екипи ќе одиграат уште десет натпревари, и во зависност  од пласманот по втората фаза, согласно со системот за натпреварување, ќе одиграат дополнителни пет натпревари, по што ќе првопласираните четири екипи од двете групи, ќе продолжат во плеј-офот, во кој ќе разигруваат со осумте прволигаши, според елиминациски систем (1-16, 2-15, 3-14, 4-13, 5-12, 6-11, 7-10, и 8-9).

Резултати и табели - Прв дел – М18 лига-мажи

Распоред на натпревари - М18 Прва лига-мажи

Распоред на натпревари - М18 Втора лига-исток-мажи

Распоред на натпревари - М18 Втора лига-запад-мажи