Со доделување на медалите на најдобрите екипи, заврши меѓународниот турнир „Драган Василов - Цевка“.
Победник во финалето, и воопшто на собирот во Скопје, е екипата на Будуќност. Екипата од главниот град на Црна Гора во големото финале стигна до победата над Игокеа (Бих) со резултат (78:67).
Претходно, во натпреварот за третото место, играа екипите на Цедевита и белградска Црвена Звезда. Екипата од Загреб стигна до триумф (78:67) и ја однесе „бронзата“ во Хрватска.
Петтото место му припадна на скопски Вардар кој го победи тимот на Триумф од Србија (99:42), a во борбата за седмото место, МЗТ Скопје Аеродром загуби од бугарски Балкан со резултат (48:65).
ФОТО: Балша Мугоша (Будуќност) беше прогласне за најкорисен играч на турнирот
За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Миќо Миќановиќ од екипата на Игокеа, а МВП наградата за најкорисен играч ја понесе кошаркарот на Будуќност, Балша Мугоша.