03.04.2023

Нашите надежи, во двете конкуренции, во Софија ги одиграа своите први официјални натпревари

Заврши првиот турнир од проектот „Заедно до У16“

Во изминатите неколку дена во Софија, беше реализиран првиот дел од новото издание на проектот „Заедно до У16“. Веќе, би се рекло, и традиционално, со учество на националните селекции „Под 14“ години на пет национални федерации, вклучително и македонската.

Натпреварите за селекциите (и во машка и во женска) на кошаркар(к)и родени 2009 година, беа и први за младите играчи во меѓународни рамки.

Резултатски гледано, двете наши репрезентации „Под 14“ години, запишаа по една победа (во дуелите со селекциите на Косово), и три порази ( во натпреварите со Бугарија Романија и Турција).   

Наредниот собир е закажан за јуни, а ќе го организира националната федерација на Косово. 

YDF ТУРНИР - СОФИЈА 2023

РЕЗУЛТАТИ

МАЖИ

Бугарија – Македонија  95:45

Турција – Македонија    87:57

Македонија – Косово     80:58

Романија – Македонија 88:80

ЖЕНИ

Бугарија – Македонија  56:37

Македонија – Косово     95:19

Турција – Македонија    55:19

Романија – Македонија 91:29