18.03.2021

Капитенот на нашиот национален тим ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото

Заврши сезоната за Војдан Стојановски

Лоша вест доаѓа од Франција, една од оние кои делуваат застрашувачки, а се однесува на капитенот на нашата машка сениорска репрезентација, Војдан Стојановски.

На еден од последните тренинзи пред денешниот меч со Стразбур, предводникот на „црвено-жолтите“ ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото.

Заработи една од најтешките повреди во спортот, која извесно е, ќе го одвои од коѓшаркарскито терен на подолг временски период од најмалку шест месеци.

„Се случи во оние моменти кога најмалку очекуваш, односно дека некој може да се повреди во таква, обична ситуација на едне едночасовен тренинг кој може да се опише како лесен. Одеднаш почувствував како левото колено 'излезе' од некоја нормална положба. Знаев дека нешто не е во ред, и како што треба. Лекарскиот тим веднаш организираше снимање со кое беше потврдено кинење на предниот вкрстен лигамент на коленото. Тоа е животот, ако ништо друго ќе земам одмор, макар и ваков, кој ми беше потребен. Се надевам дека во наредните денови менаџментот на клубот ќе ја организира операцијата. Сакам да го решам тоа што е можно побрзо. Да влезам во процес на рехабилитација, и да се вратам посилен од било кога “- потврдува нашиот капитен за тешката повреда.  

Тоа е силен удар и за нашиот национален тим, кој во текот на летото, поточно во август го чекаат натпреварите од втората фаза на претквалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2023 година, а потоа и стартот на квалификациите за ЕП.

Но тоа е сега во втор план...

На Војдан Стојановски му посакуваме што побрзо да застане на нозе, да го надмине овој најголем проблем во текот на неговата извонредна кариера, и што поскоро да се врати на кошаркарскиот терен.

Војдан го заслужува тоа, и повеќе, со тебе сме мајсторе!