14.07.2019 Традиционално, кошаркарскиот сојуз на Словенија изминатата седмица го одржа меѓународниот женски кошаркарски самит во Постојна Јама за кошаркарки до 15 години, тренери и судии. На тринаесеттото издание, Кошаркарската федерација на Северна Македонија испрати четири претставници и тоа кошаркарките Тамара Гилева, Нина Зафирова, тренерот Славица Наков и судијата Ема Никочевиќ.