Заврши вториот дел од едукацијата за тренери
Центарот за едукација на тренери при МКФ изминатите два дена го спроведе вториот дел од едукацијата за тренери од вкупно три планирани. Два дена, во конгресната сала како и во малата спортска сала при Спортскиот центар Борис Трајковски, тренерите пријавени за едукацијата слушаа предавања на Ленче Алексовска-Величковска, Горан Крстевски, Ацо Тодоров, Александар Петровиќ, Драган Василов, Милан Наумовски, Слободан Николиќ и Ванчо Поп-Петревски.