07.06.2017

Завршницата од М14 денес и утре на агендата на “недела на мак-баскет“

Неделата на мак-баскет која Македонската кошаркарска федерација ја одбележува тековната седмица продолжува со завршниот турнир во првенството до 14 години. МЗТ Скопје Аеродром, Феникс 2010, Вардар и Партизан Водно Санс се четирите екипи кои ќе се борат за шампионската титула.

Денес, со почеток во 17 часот и 30 минути, МЗТ Скопје Аеродром и Партизан Водно Санс ќе се борат за место во финалето. Статистиката од натпреварот може да се проследи на следниот линк. Во вечерниот термин ќе се пресметаат Вардар и Феникс 2010. Натпреварот ќе биде пренесуван во живо на телевизијата Сител 3 додека статистиката ќе може да се следи на следниот линк.

Натпреварот за третото место ќе се одигра утре (четврток, 8. јуни) со почеток во 17 часот и 30 минути додека финалето е на распоредот во вечерниот термин (20:00 часот) и ќе биде пренесуван во живо на телевизијата Сител 3.