19.05.2017 МЗТ Скопје Аеродром победи на лицитацијата за организатор на завршницата Битката помеѓу четирите најдобри екипи во младинската категорија М12 ќе започне наредниот викенд (27. и 28. мај, 2017 година), а натпреварите од фајналфор турнирот ќе се одиграат во спортскиот центар „Јане Сандански“ откако клубот МЗТ Скопје Аеродром победи на денешната лицитација за организација на завршницата. Младинците на МЗТ Скопје Аеродром во четвртфиналето во два наврати беа подобри од врсниците од Ангели и се пласираа во првото полуфинале каде ќе си ги одмерат силите против Партизан Водно Санс кои беа подобри од Вардар во четвртфиналето. Во рамки на второто полуфинале ќе се пресметаат МВП Струмица кои беа подобри од Феникс 2010 во четвртфиналето и Дино Баскет кои ги совладаа врсниците од Црн Дрим 007.