01.06.2018 Завршниот турнир во возрасната категорија до 15 години ќе се одигра во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“. Организатор на овој финален турнир во премиерната сезона за оваа возрасна категорија ќе го организира Македонската кошаркарска федерација. Четири клуба од Скопје ќе се надигруваат на фајнал-фор турнирот. Кошаркарите на Вардар 1 ќе се пресметаат против МЗТ Скопје Аеродром в недела (3. јуни) со почеток во 14:00 часот. Во 16 часот и 15 минути ќе започне вториот полуфинален натпревар помеѓу Феникс 2010 и Партизан Мулти Шпед. В понеделник (4. јуни) ќе се одиграат натпреварот за трето место, со почеток во 18чќасот и 15 минути додека последната битка за шампионскиот трофеј ќе започне во 20часот и 30минути. Натпреварите кои ќе се одиграат в понеделник ќе бидат пренесувани во живо на LiveStream. Линковите до статистика и до livestream ќе бидат достапни на насловната страница на вебсајтот на МКФ.