28.11.2020 Нашата најдобра селекција ќе биде сериозно ослабена за денешниот дуел против селекцијата на Италија Нашата најдобра селекција ќе биде сериозно ослабена за денешниот дуел против селекцијата на Италија кој е закажан за 15. часот во Арената „Саку Сурхал“ во Талин. Имено, резултатите од последното тестирање во нашиот национален тим покажале дека Љубомир Младеновски има позитивен наод, а за Бојан Трајковски и Џејкоб Вајли следуваат дополнителни здравствени проверки. И покрај сите превземени мерки од страна на федерацијата, спроведени пред почетокот на подготовките во Скопје, но и за време на престојот во главниот град на Естонија, PCR тестирањето покажа присуство на вирусот кај еден наш кошаркар, а лекарскиот тим предводен од Др Слободан Николиќ ги очекува дополнителните здравствени наоди од дополнителните испитувања за другите двајца наши репрезентативци, чиј настап сега е доведен под знак прашалник.