Се е подготвено за старт на новата натпреварувачка сезона во најквалитетното натпреварување во женска конкуренција-Првата лига.
На првата седница пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, мнозинството на претставниците на Здружението на Прва лига-жени, го утврдија системот за натпреварување за сезоната 2022/2023, календарот за натпреварување.
Беа одредени и натпреварувачките броеви на осум клубови-учесници во најквалитетното кошаркарско натпреварување во женскиот сегмент.
1.Крива Паланка
2.Пробаскет
3.Струга 2009
4.Гризли Баскет
5.Баскет Кам 2011
6.Вардар
7.Бадел 1862
8.МЗТ Скопје Аеродром
Согласно со Бергер-системот, формирани се и двојките за првото натпреварувачко коло, кое според календарот е предвидено да се одигра на 8. октомври:
МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка
Пробаскет – Бадел 1862
Вардар - Струга 2009
Гризли Баскет – Баскет Кам 2011