Се е подготвено за старт на новата натпреварувачка сезона во најквалитетното натпреварување, Првата лига-мажи.
На првата седница пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, на која присуствуваше и раководството на федерацијата, претседателот Перо Антиќ, генералниот секретар Владимир Георгиевски, и спортскиот директор Марјан Србиновски, претставниците на Здружението на Прва лига-мажи, го утврдија системот за натпреварување за сезоната 2022/2023 и календарот за натпреварување.
Беа одредени и натпреварувачките броеви на 12. клубови учесници во најквалитетното кошаркарско натпреварување:
1.Куманово 2009
2.Академија ФМП
3.Гостивар
4.Струмица
5.ТФТ
6.МЗТ Скопје Аеродром
7.Чаир 2030
8.Кожув
9.Пелистер
10.Еуро Никел 2005
11.Работнички
12.Феникс 2010
Согласно со Бергер-системот, формирани се и двојките за првото натпреварувачко коло, кое според календарот е предвидено да се одигра на 8. октомври:
Куманово 2009 – Чаир 2030
Академија ФМП – Кожув
Гостивар - Пелистер
Струмица – Еуро Никел 2005
ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром
Работнички – Феникс 2010
На состанокот, претставниците на клубовите од Првата лига-мажи го избраа претставникот на КК Гостивар, Стојмир Дејаноски за нов претседател на Здружението на прволигашите.
Претставниците на прволигашките клубови се согласија и да има промена во времетраењето на преодниот рок, кој во претстојната натпреварувачка сезона ќе биде затворен заклучно со 1. март, а финансиските обврски кон федерацијата да бидат подмирени пред почетокот на новата сезона во прволигашкото натпреварување.