16.09.2022

На првата седница пред стартот на новата сезона 2022/2023, познати и натпреварувачките броеви и распоредот

Здружение на Трета лига-мажи: Стартот е на 15. октомври, ќе се натпреваруваат 19. екипи

На првата седница пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, претставниците на Здружението на Трета лига-мажи, го утврдија системот и календарот за натпреварување за сезоната 2022/2023

Беа одредени и натпреварувачките броеви на вкупно 19. клубови учесници кои ќе бидат поделени во две групи, „Исток“ и „Запад“

ЗАПАД

1.Тетекс ТТК

2.Хераклеа

3.Љуботен

4.Гостивар

5.Дибра Иглс

6.Спарта

7.Мега Баскет

8.Албес

9.ИБА Баскет

Согласно со Бергер-системот, формирани се и двојките за првото натпреварувачко коло, кое според календарот е предвидено да се одигра на 15. октомври:

Хераклеа – ИБА Баскет

Љуботен – Албес

Гостивар – Мега Баскет

Дибра Иглс – Спарта

Тетекс ТТК - слободен

ИСТОК

1. Младинец

2.Струмица

3.Пробаскет

4.Вардар 2018

5.Ролинг

6.Дино Баскет

7.Феникс 2010

8. Спорт Тим

9. Маџари

10.Овче Поле

Согласно со Бергер-системот, формирани се и двојките за првото натпреварувачко коло, кое според календарот е предвидено да се одигра на 15. октомври:

Младинец – Овче Поле

Струмица – Маџари

Пробаскет – Спорт Тим

Вардар 2018 – Феникс 2010

Ролинг – Дино Баскет

Претставниците на клубовите од Трета лига-мажи се согласија финансиските обврски кон федерацијата да бидат подмирени пред почетокот на новата сезона во ова натпреварување.