На првата седница пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, претставниците на Здружението на Втора лига-мажи, го утврдија системот и календарот за натпреварување за сезоната 2022/2023
Беа одредени и натпреварувачките броеви на 12. клубови учесници во второто, според квалитет, кошаркарско натпреварување.
1.МЗТ Скопје Уни Банка
2.Црн Дрим
3.Охрид
4.Работнички 2018
5.Вардар
6.Ангели
7.Соколи 1933
8.Шкупи
9.Водно Санс
10.МКК Куманово
11.Борец Баскет
12.Баскет КАМ
Согласно со Бергер-системот, формирани се и двојките за првото натпреварувачко коло, кое според календарот е предвидено да се одигра на 15. октомври:
МЗТ Скопје Уни Банка – Соколи 1933
Црн Дрим – Шкупи
Охрид – Водно Санс
Работнички 2018 - МКК Куманово
Вардар – Ангели
Борец Баскет – Баскет КАМ
На состанокот, претставниците на клубовите од Втората лига-мажи го избраа претставникот на КК Шкупи, Енвер Мифтари за нов претседател на Здружението на второлигашите.
Претставниците на второлигашките клубови се согласија финансиските обврски кон федерацијата да бидат подмирени пред почетокот на новата сезона во второлигашкото натпреварување.