23.09.2020

ЗКТСМ одлучи, на 7. октомври да се бира нов претседател

Здружението на кошаркарски тренери организира изборно Собрание

Согласно член 14 од Статутот на Здружението на кошаркарски тренери на С. Македонија, Управниот одбор на ЗКТСМ, во состав: Марјан Лазовски, Бранко Андриевски, Енвер Мифтари, Александар Тодоров, Слободан Петровски, Горан Андреевски, Саша Димитријевиќ и Александар Петровиќ, со мнозинство од гласови ги донесе следниве

ОДЛУКИ

1. Се свикува редовно изборно собрание, по дописен пат, на ден 7. октомври 2020 година.

2. Потенцијалните кандидати за претседател на ЗКТСМ треба да достават кандидатура, поддржана од 20 члена со право на глас на Собранието на ЗКТСМ.

-Секој член на Собранието има право да поддржи само еден кандидат.

3. Кандидатурите, заедно со потписите на поддршка, да бидат доставени во периодот од 28. септември до 2. октомври 2020 година, на следнава е-маил адреса: trenerska@basketball.org.mk

4. Верификациската комисија во состав: Марјан Лазовски, Енвер Мифтари и Саша Димитријевиќ ќе се состане на 12. октомври 2020 година за пребројување на пристигнатите гласови.

5. Во случај на постигнат кворум (една третина од членовите со право на глас на Собранието на ЗКТСМ), за нов претседател ќе биде избран кандидатот со најголем број на пристигнати гласови.

6. Новиот претседател на ЗКТСМ, надоцна до 19. октомври, да состави нов Управен Одбор на ЗКТСМ.