25.09.2023

„Знам дека нè очекува напорна работа. Оваа година, и другите екипи во лигата се сериозни, ќе имаме едно интересно првенство“

Жаклина Стојановска: „Ова е првиот чекор кон целта, ќе се обидеме да ги обединиме титулите во македонската кошарка“

Прв натпревар, официјален за Жаклина Стојановска, како шеф на стручниот штаб, и веднаш, титула, онаа во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“.

Новото лице на клупата на Баскет Кам 2011 уште на почетокот на новата сезона, со себе донесе една особено сериозне пристпа кон реализација на планиранираните активности.

Овојпат во делот кој е наречен Суперкуп на Македонија.

Екипата од Македонска Каменица само го потврди својот квалитет со убедливиот триумф над актуелниот освојувач на Купот, МЗТ Скопје Аеродром.

„Не очекував дека толку лесно ќе тече натпреварот. Меѓутоа, во ред, бевме поспремни од екипата на МЗТ Скопје. Имаме и поискусни играчи во своите редови. И да, убаво е на почетокот на сезоната да се освои една ваква титула. Но веќе од понеделник, и ние и екипата на МЗТ Скопје продолжуваме со тренажниот процес. Малку прославивме, но продолжуваме понатаму, да ја унапредиме нашата игра. Да бидеме подобри во однос на досега сработеното“- вели Стојановска по реализацвијата на првата планирана цел во новата сезона.

„Извесно е дека овие 40.минути од Суперкупот, не се показател околу тоа како ќе тече сезоната. Сепак, ова е само почеток. Меѓутоа, добро е што победивме, за дополнително да се мотивираме, и да дадеме повеќе, да се залагаме на тренинзите. Секако, ова е некоја лична сатисфакција на играчите, се подразбира, и на клубот. Ние секако дека ќе продолжиме со напорна работа, бидејќи не само во домашниот дел, каде што ќе атакуваме на шампионската титула и онаа во Купот, ќе се натпреваруваме и на меѓународно ниво“.

Стојановска вели дека ова е само добар вовед во сезоната во која ги чекаат доста предизвици:

„Ова е само првиот чекор кон целта. Секако дека ќе се обидеме да ги обединиме титулите. Но сезоната е долга, реков, нè очекува напорна работа. Оваа година, и другите екипи во лигата се доста сериозни. И мислам дека ќе имаме едно интересно првенство“- смета некогашната репреентативка, сега предводник на Баскет Кам 2011.