27.09.2024

СУПЕРКУП НА МАКЕДОНИЈА „ДРАГАН ВАСИЛОВ-ЦЕВКА“ 2024

Жаклина Стојановска: „Суперкупот е идеална прилика да започнеме со победа и да ја поставиме основата за успешна сезона“

Кошаркарките на Баскет кам 2011 утре попладне ќе ја стартувата новата натпреваруваќкаа сезна во која пред себе ќе имаат сериозен предизвик. Ввелгуваат во одбрана на тројната круна до која стигнаа во ланската сезона. А првиот трофеј за „бранење“ е оној во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ во кој за противник ја имаат екипата на МЗТ Скопје Аеродром која ја победија во финалниот меч од Купот на Македонија.

Жаклина Стојановска, шеф отна стручниот штаб на екипата од Македонска Каменица вели дека овој натпревар е одлична можност да се провери подготвеноста на тимот пред почетокот на претстојната сезона:

„Оваа сезона ја отвораме со натпревар кој носи големо значење – Супекупот. Натпреварите за трофеи секогаш носат посебна тежина, а овој прв меч од сезоната е одлична можност за нас да покажеме дека сме подготвени за новите предизвици. Нашиот тим постепено се подготвуваше и ја моделиравме нашата игра во текот на подготовките, и сум многу задоволна од посветеноста и духот на играчите.

Акцентот го ставаме на нашиот тим, и на тоа како ќе ја играме нашата игра. Верувам во секоја од девојките и во колективната сила што ја имаме. Супер Купот е идеална прилика да започнеме со победа и да ја поставиме основата за успешна сезона. Со максимална концентрација и тимска игра, ќе се стремиме да го донесеме трофејот дома.

Секако, го почитуваме противникот, но нашата цел е јасна – да излеземе на теренот со самодоверба и да го дадеме најдоброто од себе. Ова е само почеток, но е многу важен момент за нас и за нашата сезона.“ – смета Стојановска.

Натпреварот во СРЦ „Кале“ стартува во 17.часот, ќе биде пренесуван на МРТ3, а влезот е слободен.