28.09.2024

Баскет Кам 2011 - МЗТ Скопје Аеродорм 74-54

Жаклина Стојановска: „Убаво е да се почне сезоната со победа“!

Во редовите на Баскет Кам 2011 имаат за што да се радуваат - најава за новата натпреварувачка сезона со победа извојувана со двоцифрена предност. Кошаркарките предводени од Жаклина Стојановска ги совладаа своите противнички од МЗТ Скопје Аеродром во рамки на Суперкупот „Драган Василов - Цевка“ со (74:54), а Стојановска смета дека има се уште простор за подобрување на играта.

 

Убаво е да се почне сезоната со победа, бидејќи тоа дава дополнителен мотив и самодоверба на тимот. Сепак, свесни сме дека има простор за подобрување и дека осцилациите во нашата игра треба да се корегираат. Работиме на анулирање на овие слабости и целиме кон усогласување на формата на тимот. Младата екипа на МЗТ покажа коректна игра и им посакувам успешна сезона. - истакна Стојановска.