На 4. јули, 2017 година, светската куќа на кошарката ФИБА ќе одржи четири ждребања во Минхен. Почнувајќи од 11:00 часот наутро, во хотелот Хилтон ќе започне ждрепката за Еврокуп (жени), потоа следи ждребот за Евролига (жени), Европа Купот (мажи) како и за распоредот по групи за квалификациите за Европското првенство (жени).
Македонската кошаркарска федерација ги пријави сениорките за претстојните квалификации, а на 4. јули, на ждребот во Минхен репрезентативките ќе ги осознаат своите конкуренти против кои ќе бркаат историски пламан на едно континентално првенство. Европското првенство ќе се одигра во 2019 година, а земјата-домаќин е сè уште непознат.
Карпош Соколи, како вицешампион на Република Македонија одлучи да аплицира за два меѓународни фронта меѓу кои едниот е и Европа Купот на ФИБА. На овој ждреб, Карпош Соколи ќе ги дознае своите противници.