29.04.2021

Доста изедначен квалитет во четирите натпреварувачки групи

ЖДРЕПКА ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2022: Словенија и БиХ конкуренти во првиот круг

„Мјузик холот“ во Берлин денеска беше во центарот на вниманието на европската, но и на светската кошарка.

ФИБА ја организираше ждрепката за наредното големо европско кошаркарско натпреварување – Евробаскетот, кој поради пандемијата наместо ова, ќе се игра во летото 2022 година.

Дирк Новицки, Роберто Брунамонти и Виктор Саникидзе, кои беа специјални гости на собирот во Берлин, не донесоа некој спектакуларен распоред во четирите натпреварувачки групи во кои „сместија“ по шест селекции.

За нашата географска припадност, интересна ќе биде групата „Б“ во која се селекциите на Словенија и на БиХ, заедно со прворангираните Франција и Литванија.

Селекцијата на Хрватска е во групата „Ц“, каде фаворизирани се селекциите на Грција и на Хрватска.

Се чини дека најдобра ждрепка доби Србија, која е дел од групата „Д“ во која се уште и еден до четирите домаќини, репрезентацијата на Чешка, потоа, нивните соседи од Полска, но и селекции од типот на Израел, Финска и Холандија.

Европскиот шампионат ќе биде реализиран во периодот од 1. до 18. септември, 2022 година.

Првопласираните четири селекции од четирите групи обезбедуваат плaсмaн во следната натпреварувачка рунда.

Првата, групна фаза ќе се игра во четири различни градови-држави, Италија (Милано), Грузија (Тбилиси), Чешка (Прага) и Германија (Келн).

 

РАСПОРЕД НА ГРУПИТЕ - ЕВРОБАСКЕТ 2022

ГРУПА А: Шпанија, Русија, Турција, Грузија, Белгија, Бугарија

ГРУПА Б: Франција, Литванија, Словенија, Германија, Унгарија, БиХ

ГРУПА Ц: Грција, Италија, Хрватска, Украина, Велика Британија, Естонија

ГРУПА Д: Србија, Чешка, Полска, Финска, Израел, Холандија