19.09.2023

Нашата женска сениорска селекција е дел од групата „Г“ од евро-квалификациите кои стартуваат во ноември

ЖДРЕПКА ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025-ЖЕНИ: Девојките ќе играат против Србија, Украина и Португалија

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе биде дел од групата „Г“ од квалификациите за наредното Европско првенство.

Ждрепката во швајцарскиот Мие, денеска, за противници во новиот евро-квалификациски циклус, ни ги донесе репрезентациите на Србија, Украина и Португалија.

Квалификациите за женскиот Евробаскетот во 2025 година, ќе се играат во три „прозорци“ на ФИБА.

Натпреварите се закажани за 9. и 12. ноември 2023 година, потоа ќе се игра на 7. и 10. ноември 2024 година, како и на 6. и 9. февруари 2025 година, кога ќе биде потврдени сите учесници на завршниот турнир од Европското првенство во женска сениорска конкуренција.

Согласно со системот за натпреварување, победниците на осумте групи, заедно со најдобрите четири второпласирани тимови, земајќи ги предвид сите резултати во групите, ќе се квалификуваат за Евробаскетот во 2025 година.

Инаку, за прв пат откако е воведен овој формат, со четири држави кои се во улога на ко-организатори, ќе биде формирана уште една квалификациска група.

Во групата „И“ ќе се натпреваруваат, нациoналните тимови на Чешка, Германија, Грција и на Италија, но без натпреварувачки карактер.

РАСПОРЕД НА ГРУПИТЕ ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025

ГРУПА А: Шпанија, Летонија, Холандија, Австрија

ГРУПА Б: Унгарија, Словенија, Бугарија, Финска

ГРУПА Ц: Белгија, Полска, Литванија, Азербејџан

ГРУПА Д: Велика Британија, Шведска, Данска, Естонија

ГРУПА Е: Франција, Хрватска, Израел, Ирска

ГРУПА Ф: Турција, Словачка, Романија, Исланд

ГРУПА Г: Србија, Украина, Португалија, Македонија

ГРУПА Х: БиХ, Црна Гора, Швајцарија, Луксембург

ГРУПА И: Италија, Грција, Чешка, Германија