За разлика од претходните турнири, на овие во Токио ќе се игра по малку изменет систем.
Вкупно 12. селекции од целиот свет, се поделени во три групи со по четири учесници. А пласман во четвртфиналната фаза на турнирот ќе обезбедат првопласираните две селекции од првиот круг, и уште две од трите третопласирани.
Формирани се три навистина интересни групи во кои дополнителна неизвесност носи и фактот дека не се познати победниците на олимписките квалификации. Односно уште четири национални тимови кои ќе треба да го поминат квалификациското „сито“ во текот на јуни за да дојдат до „земјата на изгрејсонцето“.
ГРУПА А: Иран, Франција, САД, победник-турнир Викторија
ГРУПА Б: Австралија, победник-турнир Сплит, победник-турнир Белград, Нигерија
ГРУПА Ц: Аргентина, Јапонија, Шпанија, победник-турнир Каунас
Во женска конкуренција, во битката за златниот медал, исто така, ќе учествуваат 12.национални селекции. А ждрепката во Мие формираше три натпреварувачки групи во кои фаворитите не би требало да имаат проблеми за место во „осумката“ која ќе продолжи во елиминациската фаза на турнирот во Токио.
ГРУПА А: Србија, Јужна Кореја, Канада, Шпанија
ГРУПА Б: Нигерија, јапонија, Франција, САД
ГРУПА Ц: Австралија, Порторико, Кина, Белгија