Сиднеј беше во центарот на збиднувањата на кошаркарската јавност, поврзано со женскиот сегмент. Во овој град во Австралија денеска беше реализирана ждрепката на групите за претстојното Светско првенство.
Ждрепката посака во групата „А“ да бидат селекциите на Белгија, Кина, БиХ, Кореја, САД, како и селекцијата која ќе го пополни местото на Русија, која е исклучена од натпреварувањето.
Во групата „Б“ пак ќе се натпреваруваат националните тимови на Франција, Србија, Канада, Нигерија, Јапонија и домаќинот Австралија.
По натпреварувањето во групи, по четирите најдобри репрезентации се пласираат во четвртфиналето, каде со ново ждребување ќе се одреди кој со кого ќе игра во елиминациската фаза од светскиот шампионат.
Четвртфиналето е предвидено да се игра на 29.септември, полуфиналните пресметки се ден подоцна, додека битката за златниот односно бронзениот медал на програмата се на 1. октомври.