Машката сениорска репрезентација на Македонија, како и сите пријавени национални тимови во младинска конкуренција ќе ги дознаат имињата на своите противници на посебна церемонија, која на 28. април ќе се одржи во Берлин.
На церемонијата која е предвидена да стартува од 13.часот во „Верти мјузик холот“ во Берлин, ќе бидат формирани натпреварувачките групи за вториот круг од претквалификациите за Светскиот Куп 2023 година, европските младински првенства, и првенствата на т.н. „мали земји“ за 2021 година.
Ден подоцна, на 29. април, ќе биде реализирана и ждрепката за Евробаскетот во машка конкуренција, кој ќе се одржи во 2022 година.
Поради ситуацијата со Ковид-19 во Германија, церемонијата ќе биде реализирана „зад затворени врати“