08.06.2022

Европско Првенство за кошаркарки до 20 години, Б Дивизија, Скопје, 9-17. јули

Женската младинска репрезентација означи почеток на подготовките за ЕП

Женската младинска репрезентација денеска во 11:00 часот во СРЦ Кале означи почеток на подготвителниот период. Селекторот Јелена Антиќ ги прозиваше кошаркарките на чии услуги ќе смета во периодот што следи, заедно со нејзините стручни соработници.

Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, а потоа ќе замине за Црна Гора каде ќе одигра пријателски натпревари со соодветната репрезентација. Пред почнување на Европското првенство, избраничките на Антиќ ќе одиграат и двомеч со соодветната национална селекција на Швајцарија.

Репрезентативките до 20 години се сместени во групата Ц заедно со Косово, Хрватска, Романија и Црна Гора. Првенството ќе се одигра во нашиот главен град Скопје, а натпреварите од групната фаза кошаркарките ќе ги одиграат во СРЦ Кале (голема сала) со почеток во 18:45.