14.01.2021

„Секогаш ги сакам најдобрите играчи на теренот, без разлика кој меч, без оглед на кое натпреварување“- вели предводникот на Евролигата

Жорди Бертомеу за актуелниот момент во европската кошарка: „Немаме конфликт со ФИБА“

Извршниот директор на Евролигата, Жорди Бертомеу, деновиве беше во Минхен. Стигна да одржи и прес-конференција на која говореше за актуелниот момент во европската кошарка:

„Како прво, би сакал да кажам дека ние немаме конфликт со ФИБА. Тие само што започнаа проект, „прозорците на националните тимови“, што е некомпатибилен со нашиот календар, но исто така и со календарот на НБА. Ние со години го играме нашиот систем во Евролигата. За жал, има само 52 недели во една година и ние мора да ги усогласиме националните лиги, Евролигата и времето за закрепнување на играчите. Се надевам дека во иднина повторно ќе најдеме формула како сето тоа се вклопува заедно“.

Првиот човек на Евролигата вели дека се е во рацете на Светската кошаркарска федерација.

„Тоа е во рацете на ФИБА. Доколку сметаат дека сегашниот систем е корисен за репрезентациите, веројатно ќе останат на тоа. Моето гледиште е дека јас секогаш ги сакам најдобрите играчи на теренот, без оглед на кој натпревар, без оглед на која конкуренција. Не можам да бидам за систем каде што тоа не постои. Но, ако сè оди добро и ФИБА е среќна, тоа е во ред“ - искоментира Бертомеу.